Екипата на Плавник го забележа првиот пораз на домашен терен во Општинската фудбалска лига Велес, откако во второто коло загуби од Врановци со 0:2. Гостите до победата стигнаа со головите на Сабахудин Шабанаов во 59. минута и Елмир Еминов во 89. минута.
На останатите натпревари, Тополка го совлада Согле со 2:1. Стрелци за победничката екипа беа Бојан Петковски во 58. минута и Мартин Ристов во 89. минута, додека за Согле погоди Стефан Трајковски во 61. минута.
На третиот одигран натпревар, Бузалкова и ТИМ Локомотива 2018 одиграа нерешено 2:2. За Бузалкова погодија Илас Цемаиловски во 18. минута и Емир Лимани во 79. минута, додека за Локомотива стрелци беа Робин Шабаноски во 20. минута и Агуш Шабаноски во 55. минута.
Денеска се играат и преостанатите натпревари од второто коло: Горски – Раштани и Форца Нова – Младост.

























