Две лица се лишени од слобода во Велес во одделни полициски акции за недозволена трговија со дрога, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
На 11 октомври, во 22:35 часот, на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници запреле такси-возило во кое се превезувал 36-годишниот Т.А. од Велес. При обидот на полицијата да изврши преглед, тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен. Притоа, проголтал бела прашкаста материја, по што бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а потоа бил приведен во полициска станица.
Претходно истиот ден, во 20:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и 42-годишниот И.А. од велешкото село Горно Оризари. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
За двата настани бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од СВР Велес.

























