Форца Нова славеше против Младост, поделба на бодовите меѓу Горски и Раштани

Денеска се одиграа и преостанатите два натпревари од 2. коло на Општинската фудбалска лига Велес. Горски и Раштани ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1, додека Форца Нова ја совлада Младост со 4:2.

Zito baner

На натпреварот меѓу Горски и Раштани, гостите поведоа во 15. минута преку Даниел Трајковски, а конечните 1:1 ги постави Васко Николиќ во 30. минута.

Agria

Форца Нова, пак, стигна до победа од 4:2 против Младост во натпревар со шест погодоци. Синиша Петров во 3. минута го отвори резултатот, а Бране Петровски во 18. и Зоран Трајков во 24. минута донесоа убедлива предност за Форца Нова. Во второто полувреме, Антонио Јорданов во 80. минута го потврди триумфот на својот тим.

За Младост стрелци беа Ивица Миленковиќ во 13. минута и Виктор Анишиќ во 58. минута, но нивните голови не беа доволни за да избегнат пораз.

Табела по 2. коло – Општинска фудбалска лига Велес

#ЕкипаОПНЗГол-разликаБодови
1.ТИМ Локомотива 201821105:24
2.Форца Нова21106:44
3.Горски21102:14
4.Раштани Спорт21102:14
5.Тополка21012:23
6.Врановци21012:33
7.Бузалково20202:22
8.Плавник Мелница20112:41
9.Согле20111:21
10.Младост 197620022:50

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: