Од една идеја, создадена со љубов и визија, до бренд кој денес претставува синоним за квалитет, доверба и постојан развој – така започнува нашата приказна.
07.12.2011 – Pure Cafe
Сè започна со Pure Cafe – место кое брзо стана препознатливо како срце на добрата енергија, дружбата и незаборавните забави. Тоа беа години исполнети со музика, насмевки и моменти кои многумина сè уште ги паметат како најубавите ноќи поминати во градот. Pure Cafe не беше само кафе-бар, туку симбол на една генерација и простор каде се создаваа спомени.
17.05.2017 – Pure Cars
Следната етапа од развојот беше Pure Cars – првата самоуслужна автоперална во градот Велес, која постави нови стандарди за брза, квалитетна и достапна услуга. Со три локации – две во Велес и една во Штип – Pure Cars и денес останува препознатливо име кое функционира континуирано, со врвен квалитет и доверба кај корисниците.
07.10.2025 – Pure Eco Laundry
Најновото поглавје во приказната е Pure Eco Laundry – прва еколошка перална од ваков тип во Македонија, која носи нова филозофија на одржливо и современо хемиско чистење. Со примена на иновативна технологија и еко пристап, се гради нов стандард во индустријата, со цел грижа и за луѓето и за животната средина.
Оваа нова приказна ја раскажува и води Даниела Костовска, која е присутна уште од самиот почеток на градењето на брендот PURE и денес, како основач на Pure Eco Laundry, ја продолжува неговата приказна со нова визија и посветеност.

Кога ќе се погледнат овие 15 години наназад, тие не претставуваат само бизнис раст, туку патување исполнето со идеи, труд, трансформации и луѓе што верувале во приказната.
15 години PURE.
И иднината допрва се гради.

























