Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој вдолж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час.
Утринската температура ќе биде од 0 до 9, а дневната ќе достигне од 12 до 20 Целзиусови степени.
И во Велес денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.
























