Полициски службеници од СВР Велес вчера во 18:30 часот го лишиле од слобода 35-годишниот Ј.А. од Велес, кој се сомничи дека од гаража во сопственост на 50-годишен велешанец одзел разни предмети.
Според информациите од полицијата, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
























