Дерби за врвот, Борец 1919 гостува кај лидерот Победа во Прилеп

Pobeda Borec sezona 2024

Утре на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе се одигра дербито од 6. коло во Третата фудбалска лига – регион 4, во кое силите ќе ги одмерат лидерот ГФК Победа и второпласираниот Борец 1919 од Велес.

Zito baner

Прилепчани влегуваат во дуелот со максимални 15 бода и со водечката позиција на табелата. Велешани, пак, по двата кикса на домашен терен против Башкими и Росоман, заостануваат четири бода зад лидерот и се наоѓаат на второто место.

Agria

За Борец 1919 ова ќе биде можност да ја намали бодовната разлика и да се врати во трката за врвот, додека Победа ќе се обиде да ја продолжи победничката серија пред домашната публика.

Натпреварот на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе започне во 15 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: