Денеска времето во земјава ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Минималната температура ќе се движи од 0 до 8 степени, додека максималната ќе биде во интервал од 12 до 23 степени.
Стабилното време ќе продолжи и во наредните денови, кога ќе преовладуваат сончеви периоди со мала локална облачност во текот на денот.
Промена на временските услови се очекува во среда, кога облачноста ќе се зголеми и времето ќе биде променливо облачно, со повремени краткотрајни сончеви периоди.
Позначителна промена се најавува за четврток и петок, кога се очекува претежно облачно време, проследено со врнежи од дожд.

























