Пионерскиот состав на Гемиџии продолжува со одличните настапи во Пионерската машка лига. Велешани ја забележаа и четвртата победа во групата Б, откако во рамките на 4. коло славеа против Радовиш со убедливи 30:11, полувреме 13:5.
Гемиџии уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот, а со сигурна игра во текот на сите 50 минути ја потврдија разликата во квалитет. На полувремето имаа предност од осум гола (13:5), која во вториот дел дополнително ја зголемија за конечни 30:11.
Најефикасен во редовите на Гемиџии беше Андреј Јакимовски со 10 погодоци, додека Марко Мартинов постигна пет гола. Александар Бошков реализираше четири пати, а по три погодоци постигнаа Петар Ѓорѓиев и Димитар Ризов.
Со оваа победа, пионерите на Гемиџии имаат четири победи од четири натпревари и остануваат со 100-отстотен учинок, продолжувајќи го успешниот настап во Пионерската машка лига.

























