Синдикалната кошница за еден месец поскапела за 926 денари, на едно семејство му требаат над 70 илјади

Potrosuvacka kosnica

На едно четиричлено семејство во октомври му се потребни најмалку 70.358 денари за покривање на основните месечни трошоци, покажува Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во споредба со септември, вредноста на кошницата е зголемена за 926 денари.

Zito baner

Најголем дел од семејниот буџет оди за храна и пијалаци, за кои се потребни 26.170 денари месечно. Дополнителен товар се трошоците за домување, па за четиричлено семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните месечни потреби достигнуваат 85.733 денари.

Agria

Разликите во пресметките на трошоците за живот се забележуваат и меѓу институциите. Министерството за економија и труд за август објави потрошувачка кошница од 58.475 денари, додека синдикалната за истиот месец изнесуваше 68.675 денари. Разликата меѓу двете пресметки беше 10.200 денари, а само кај храната и пијалаците изнесуваше околу 3.900 денари.

Споредбата со почетокот на годината покажува дека трошоците за живот бележат постојан раст. Во јануари, синдикалната минимална кошница изнесувала 66.413 денари, а во октомври достигна 70.358 денари, што е зголемување од 3.945 денари за десет месеци.

Растот е забележлив и кај основните прехранбени потреби. Трошоците за храна и пијалаци од 24.211 денари во јануари се зголемиле на 26.170 денари во октомври, односно за 1.959 денари.

Податоците покажуваат дека на семејствата им се потребни сè повеќе пари за покривање на основните месечни потреби, при што храната останува најголемата ставка во домашниот буџет.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: