Одбојкарите на Борец од Велес со убедлива победа над Весна од Пробиштип го потврдија квалитетот и обезбедија пласман во Првата лига А. Во реванш натпреварот од баражот, велешани славеа со максимални 3:0 во сетови, дозволувајќи му на противникот да освои само 24 поени во целиот натпревар.
Борец доминираше во сите три сета, добивајќи ги со 25:10, 25:10 и убедливи 25:4. Велешани ја завршија бараж-серијата со две максимални победи, откако и на првиот натпревар, одигран на гостински терен во Пробиштип, триумфираа со 3:0 (25:20, 25:14, 25:10).
Покрај Борец, пласман во Првата лига А обезбедија и екипите на Штип УГД, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево. Последниот патник во елитното одбојкарско друштво ќе биде познат по одигрувањето на реванш-натпреварот меѓу Шкендија и Универзитет Тетово.





















