Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 23:30 часот го привеле Б.М. (35) од селото Бузалково, велешко, кој бил баран со централна потерница.
Потерницата била распишана врз основа на наредба од Основниот суд Велес за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.
По приведувањето, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што ќе ја издржува казната.





















