(ФОТО) Неверојатно, вистинска среќа: возилото целосно уништено по директен судир со шлепер, возачот ја преживеа несреќата

А.Р. (40) од велешкото село Горно Оризари вчера доживеал тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Градско – Прилеп, во судир со товарно возило „мерцедес“. Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, а неговото возило „голф“ е целосно уништено.

Zito baner

Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 22 октомври околу 10 часот. Во неа учествувале „голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Р., и товарен „мерцедес“ со крушевски регистарски ознаки, управуван од 60-годишен жител на селото Славеј, општина Кривогаштани.

Agria

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. По успешната операција, А.Р. се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи дека ја преживеал несреќата и дека сега е добро.

„Вчера, на 22.10.2026, имав тешка сообраќајна несреќа кај Кавадарци, директен судир со камион-шлепер, но преживеав. Операцијата е успешна, преживеав сè, сè е во ред“, напиша тој.

Фотографиите од уништеното возило А.Р. ги објави на социјалните мрежи.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: