47-годишен велешанец бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.
Според информациите од СВР Велес, на 23 октомври, околу 16:50 часот, полициски службеници при сообраќајна контрола на улицата „Кумановска“ во Велес сопреле патничко возило со велешки регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Д.Ќ.
По извршените проверки било констатирано дека возачот управувал со возилото и покрај активната забрана.
По насоки на јавен обвинител, велешанецот бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






















