59-годишен велешанец пријавил во СВР Велес дека неколку дена го нема забележано својот шура, 52-годишен маж кој е бездомно лице и вообичаено се движел на одредени места во градот.
Според информациите од СВР Велес, пријавата била поднесена на 23 октомври во 09:08 часот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.





















