Борец 1919 се врати на победите со десетка против Влазними

Фудбалерите на Борец 1919 од Велес им се вратија на победите на најубедлив можен начин. Во рамки на 7. коло од Третата фудбалска лига – Регион 4, велешани го декласираа Влазними со неверојатни 10:0.

Zito baner

Дека на противникот му се заканува голгота, најави Марко Наумовски, кој уште во 2. минута ја затресе мрежата на гостите. Во 18. минута Демири си постигна автогол за водство на Борец од 2:0. До крајот на првото полувреме домаќините имаа можности за поубедлива предност, но не успеаја да реализираат уште некоја од своите шанси.

Agria

Затоа, вистинскиот гол-шоу следуваше во второто полувреме. Јован Димитров во 47. минута го постигна третиот гол, а две минути подоцна Пеце Стојанов зголеми на 4:0. Марко Наумовски со својот втор погодок во 51. минута ја продолжи голеадата, додека Стојанов во 53. минута повторно беше прецизен за 6:0.

Милан Чичевски во 60. и 63. минута ја продолжи серијата погодоци, а Пеце Стојанов во 78. минута го комплетираше својот хет-трик. Конечните 10:0 ги постави Џемал Ибрахимовиќ во 89. минута. Победата можеше да биде и поубедлива, ако Борец ги искористеше бројните неискористени шанси пред противничкиот гол.

По седум одиграни кола, Борец 1919 се наоѓа на второто место на табелата со 14 бодови, пет помалку од лидерот ГФК Победа од Прилеп. Во следното коло велешани ги очекува гостување кај екипата на Бучин, каде ќе се обидат да ја продолжат победничката серија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: