Четириесет и петгодишен велешанец бил лишен од слобода откако физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата поранешна сопруга, информираат од СВР Велес.
Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен, а на 7 ноември, во 00:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода М.У. (45) од Велес.
Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални грижи – Велес.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




















