Ја искористила неговата доверба и му зела 11.000 евра: Велешанец поверувал дека помага за операција

pari evra

89-годишен жител на Велес пријавил дека бил измамен за околу 11.000 евра, откако во неколку наврати позајмувал пари на жена која го довела во заблуда дека ѝ се потребни за оперативен зафат на член од нејзиното семејство.

Zito baner

Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 6 ноември во 12 часот во СВР Велес. Жената, идентификувана со иницијалите М.В., наводно повеќепати барала пари од велешанецот, претставувајќи ја потребата како итна семејна здравствена интервенција.

Agria

За случајот бил известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за негово расчистување.

Апел до повозрасните граѓани:

Граѓаните, особено повозрасните лица, треба да бидат внимателни кога некој од нив бара пари, без разлика дали станува збор за наводна операција, лекување или друга итна семејна потреба. Пред да дадат пари, нека ги проверат информациите и нека се консултираат со најблиските.

Не дозволувајте чувството на сожалување и желбата да помогнете да бидат искористени за измама. При секое сомнение, пријавете го случајот во полиција.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: