Добра вест за планетата: Уништувањето на Амазонија падна на најниско ниво во последните години

Уништувањето на Амазонската прашума бележи значителен пад, покажуваат најновите сателитски податоци од Бразил. Во периодот од август 2025 до јули 2026 година, во бразилскиот дел на Амазонија биле регистрирани 2.874 квадратни километри под предупредување за уништување на шумите.

Zito baner

Тоа е намалување од 36,87 отсто во споредба со претходниот период и најниско ниво во историската серија на системот DETER, кој го следи уништувањето на шумите преку сателитски снимки. Површината е и 55,6 отсто под просекот од претходните десет мониторинг-периоди.

Agria

Падот е забележан и во првата половина од 2026 година. Од јануари до јуни биле регистрирани 1.295 квадратни километри уништена шума, што е за 38 отсто помалку во споредба со истиот период во 2025 година.

Бразилските власти намалувањето го поврзуваат со засиленото следење преку сателити и мерките за спречување на нелегалното уништување на шумите. Според Институтот за вселенски истражувања на Бразил (INPE), падот е забележан и во други природни региони во земјата.

И покрај позитивниот тренд, научниците предупредуваат дека Амазонија и понатаму се соочува со сериозни закани, меѓу кои нелегалната сеча, сушите, деградацијата на шумите и пожарите. Сепак, најновите податоци се оценуваат како значаен чекор во напорите за зачувување на најголемата тропска прашума во светот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: