Борец Баскет атакува на нов триумф дома

Утре во Велес, екипата на Борец Баскет ќе има нова можност да се врати на победничките патеки, откако утре ќе го пречека составот на Вардар во рамки на ТОП 8 фазата од Првата македонска лига.

Велешани во пресрет на овој натпревар влегуваат со скор од 8 победи и 4 порази, додека нивниот ривал има учинок од 5-7. Само уште две кола остануваат до крајот на оваа фаза, по што ќе биде познат конечниот изглед на табелата и распределбата на силите пред плеј-офот. Иако веќе е јасно кои екипи ќе се борат за титулата, неизвесноста околу полуфиналните двојки и понатаму останува, што му дава дополнителна тежина на секој натпревар. Токму затоа, за Борец Баскет овој дуел е од исклучителна важност во битката за подобра позиција.

Agria

Оптимизам кај домашниот состав дава и првиот меѓусебен натпревар, кога на гостувањето во Скопје убедливо славеа со 70:95, испраќајќи јасна порака дека имаат квалитет да доминираат во вакви пресметки. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Гемиџии, со почеток од 18 часот, каде се очекува силна поддршка од домашната публика која може да биде клучен фактор во обидот за нов триумф на Борец Баскет.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: