Борец Баскет го пречекува Мега Баскет, нова шанса за бодови во „Гемиџии“

Екипата на Борец Баскет ќе го отвори 4. коло од ТОП 8 фазата во Првата кошаркарска лига, со дуел против Мега Баскет. Натпреварот е закажан за сабота од 13:30 часот во салата Сала „Гемиџии“.

Велешани влегуваат во натпреварот со амбиција да ја продолжат успешната серија на домашен терен, каде сезонава е неприкосновен. Борец Баскет е дел од групата од четири екипи кои имаат идентичен скор од 6 победи и 3 порази, што го прави секој следен натпревар исклучително важен во битката за врвот на табелата.

Agria

Од друга страна, тимот на Мега Баскет од Прилеп доаѓа во Велес по два последователни порази, резултати кои ги оддалечија од борбата за највисок пласман. Сепак, прилепчани сигурно ќе ја бараат својата шанса токму во ова гостување, обидувајќи се да ја изненадат домашната екипа и да се вратат во победнички ритам. Мега Баскет во моментов се наоѓа на петтата позиција со скор од 4 победи и 5 порази.

Правдата на овој натпревар ќе ја делат судиите Д. Зафировски, А. Видиков и И. Ников.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: