Борец гази без милост, „осумка“ за Ултрас и чекор поблиску до баражот

Екипата на Борец 1919 АД продолжува со доминацијата во Третата лига – Југ, откако на домашен терен убедливо го декласираше тимот на Ултрас со високи 8:0 и испрати јасна порака дека сериозно чекори кон баражот за влез во Втората лига.

На градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме, кога велешани ја демонстрираа својата класа и ефикасност. Серијата голови ја отвори Имеров Илхан во 6. минута, по што следеше вистински голгетерски шоу на Миловановиќ Марко кој постигна четири погодоци (19’, 33’, 34’, 46’). Во листата на стрелци се запишаа и Ташевски Ане (64’), Мирчевски Теодор (68’) и Стефановски Љупче (78’), за конечни 8:0.

Agria

Со оваа убедлива победа, Борец 1919 АД по 19 одиграни кола се наоѓа на врвот на табелата со 49 бодови, потврдувајќи ја фаворитската улога и амбициите за пласман погоре.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: