Борец гази кон титула, Превалец немилосрден кон Бучин

Во рамките на 18. коло од Третата фудбалска лига – Југ, фаворитите ја оправдаа улогата, а дерби пресметките донесоа голови и возбудувања на повеќе терени. Есенскиот лидер Превалец на домашен терен демонстрираше сила и со убедливи 5:0 го декласираше Бучин. Во центарот на вниманието беше Александaр Јордановски кој постигна хет-трик (5′, 56′, 69′), додека во листата на стрелци се запишаа и Ристо Станковски (75′) и Јосиф Манасиев (76′).

Лидерот на табелата Борец 1919 продолжува со победничката серија, овојпат на гостувањето кај Венец, каде славеше со минимални 0:1. Херој на велешани беше Љупче Стефановски кој го постигна единствениот погодок во 48. минута, доволен за нови три бода и сигурно задржување на врвот.

Agria

Во Чашка, Башкими (ГЈ) во драматичен натпревар го совлада Влазними Јуниор со 3:2. Стрелци за домашните беа Зекјиров (55′), Тахири (69′) и Арифов во судиското продолжение (90+3′), додека за гостите погодија Усеиноски (15′) и Демири (52′). Ултрас исто така беше убедлив и со 4:1 ја совлада Тополка. Петар Петроски беше двоен стрелец (38′, 66′), а мрежата ја тресеа и Тасески (34′) и Стојчевски (89′). Почесниот погодок за гостите го постигна Пеце Стојанов (58′).

По ова коло, Борец е убедливо прв со 46 бодови, пред Превалец кој има 40, додека Ултрас се зацврсти на третата позиција со 35 бодови. Борбата за врвот продолжува, но велешани чекорат сигурно кон шампионската титула.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: