Борец гази кон трофејот, велешани го „збришаа“ Работнички и закажаа финале со шампионот

Екипата на ГОК Борец од Велес ќе игра во големото финале од Купот на ОФМ 2026, откако во полуфиналето убедливо го совлада Работнички со максимални 3:0 (25:19, 25:14, 26:24). Велешани одиграа сигурен и доминантен натпревар, особено во првите два сета каде целосно го контролираа ритамот и не му дозволија на противникот да се разигра. Борец покажа сериозност и квалитет, најавувајќи дека оваа сезона има високи амбиции.

Најголемата драма се случи во третиот сет, кога Работнички имаше предност од 20:16 и беше на чекор до продолжување на мечот. Сепак, ГОК Борец не се предаде – со серија одлични поени, велешани направија пресврт, го добија сетот на разлика (26:24) и го заверија пласманот во финалето. Во битката за трофејот, Борец ќе се соочи со бранителот на титулата, екипата на Штип УГД, што ветува возбудлив и неизвесен дуел.

Agria

Финалниот натпревар од Купот на ОФМ 2026 во машка конкуренција ќе се одигра денес со почеток од 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, каде велешани ќе имаат шанса да ја крунисаат одличната сезона со трофеј.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: