Борец поведе со 1:0 во полу-финалето од одбојкарскиот плеј-оф

Одбојкарите на ГОК Борец направија голем чекор кон финалето во Првата лига мажи, откако со резултат од 3:1 го совладаа актуелниот шампион Струмица во првиот полуфинален натпревар.

Иако велешани го загубија првиот сет со 21:25, избраниците на Петре Жабев покажаа карактер и квалитет во продолжението. Со сигурна и организирана игра, тие ги освоија следните три сета со 25:16, 25:19 и 25:20, комплетирајќи важна победа која ги става во одлична позиција пред реваншот. Во другото полуфинале, екипата на Штип УГД исто така стартуваше убедливо, па двете екипи сега се на чекор до пласман во големото финале и борбата за шампионската титула.

Agria

Реванш натпреварите се закажани за сабота, 4 април, кога ќе биде познато кои тимови ќе се борат за трофејот. За ГОК Борец, тоа е шанса да за прв пат да ја освојат шампионската титула и да му се реваншираат на тимот на УГД Штуп за поразот во финалето на одбојкарскиот Куп.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: