Борец сигурен во Тетово, велешани од второто место ќе го започне плеј-офот за титулата

Одбојкарите на Борец продолжуваат со одличните настапи во првенството, откако забележаа уште една значајна победа, овојпат на гостувањето кај Универзитет Тетово.

Велешани славеа со резултат 1:3 во сетови (14:25, 27:25, 17:25, 16:25), прикажувајќи сигурна и квалитетна игра во поголемиот дел од натпреварот. Борец доминираше во првиот сет, кој го доби убедливо со 14:25, додека домаќините возвратија во вториот сет по неизвесна завршница и го израмнија резултатот на 1:1.

Agria

Сепак, гостите брзо ја вратија контролата на теренот. Во следните два сета одбојкарите на Борец повторно наметнаа силно темпо и со сигурна игра ги добија со 17:25 и 16:25, со што ја заверија новата победа. Со овој триумф, велешкиот состав практично ја обезбеди втората позиција на табелата пред почетокот на разигрувањето за шампионската титула.

До крајот на регуларниот дел од сезоната на Борец му преостануваат уште два натпревари против актуелниот шампион Струмица, а во последното коло на домашен терен велешани ќе го пречекаат лидерот на табелата, екипата на Универзитет Штип.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: