Борец ја урна седумгодишната доминација на Струмица и закажа финале за титула

Одбојкарите на Борец ќе играат за шампионската титула во Првата лига мажи, откако велешани со стил ја завршија полуфиналната серија и испратија јасна порака, оваа сезона имаат шампионски амбиции.

Во дуелот со долгогодишниот владетел на македонската одбојка, Струмица 47&72, Борец покажа карактер и квалитет. И во реваншот во салата „Парк“ во Струмица, сценариото беше слично како и на првиот натпревар во Велес, домашните поведоа со 1:0 во сетови, но следеше комплетен пресврт на велешани за нова победа од 3:1. Со тоа Борец ја прекина седумгодишната доминација на струмичани и заслужено обезбеди место во големото финале.

Agria

Од друга страна, Штип УГД рутински ја оправда фаворитската улога против Работнички 71&22, завршувајќи ја серијата со две максимални победи и најавувајќи напад на двојната круна. Финалната пресметка меѓу Борец и Штип УГД ќе се игра во серија до три победи, а стартот е закажан за средината на април на теренот на штипјани. Велешани ќе имаат шанса да им се реваншираат на  Штип УГД за поразот во финалето на Купот на Македонија пред една недела.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: