Борец 1919 на врвот, Превалец киксна во Крушево, се разгорува битката во Третата лига Југ

Се одигра 15. коло од Третата фудбалска лига – Југ, по кое има промена на лидерската позиција. Екипата на Борец 1919 АД со победа на гостувањето во Мало Коњаре се искачи на првото место на табелата, откако со 3:1 го совлада тимот на Влазними Јуниор.

Велешани до трите бода стигнаа со головите на Миловановиќ, Мирчевски и Имеров, додека за домаќините стрелец беше Бесими. Со оваа победа Борец 1919 го искористи киксот на досегашниот лидер Превалец и се врати на позицијата која ја посакува од почетокот на сезоната.

Agria

Превалец го забележа вториот пораз во шампионатот, откако на гостувањето во Крушево загуби од Питу Гули со 2:1. Домашните поведоа со головите на Стојановски во 55. и Андреевски во 60. минута, додека Јордановски во 67. минута само го ублажи поразот.

Во останатите натпревари, Тополка одигра одлично на домашен терен и со убедливи 6:0 го совлада Млекар, со што значително си ги зголеми шансите за опстанок оваа сезона. Башкими од Горно Јаболчиште освои важни бодови на гости, победувајќи ја Младост со 2:0 со головите на Лазами и Тахири.

По 15 одиграни кола, Борец 1919 е лидер со 37 бода и има можност дополнително да ја зголеми предноста во следното коло кога ќе игра против Тополка, додека Превалец ќе биде слободен. Башкими се искачи на делба на седмото место и во наредната рунда ќе ја пречека екипата на Бучин. Интересно е што Тополка со две последователни победи излезе од зоната за испаѓање и моментално се наоѓа на 10. позиција, што најавува неизвесна завршница во вториот дел од сезоната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: