Екипата на Борец 1919 АД оствари значајна победа на гостински терен, совладувајќи го тимот на Башкими од село Горно Јаболчиште со минимални 0:1 во населбата Чашка, со што стави крај на победничката серија на домаќините од пет натпревари по ред.
Прашањето на победникот беше решено уште на самиот почеток. Тео Мирчевски погоди во 4. минута и го постави конечниот резултат, носејќи му три големи бода на велешкиот состав. Борец потоа знаеше како да ја задржи предноста и сигурно да го приведе натпреварот до крај.
Со оваа победа, велешани ја задржуваат предноста од плус шест бода во однос на Превалец, кој меѓусебниот натпревар ќе го одиграат наредната недела. Во меѓувреме, во понеделник ќе се одигра и 21. коло од Третата фудбалска лига – Југ, но Борец ќе биде слободен во ова коло.

















