Велешани газат и на европска сцена, Арка-Борец со злато и сребро од Руднице

Вчера во Руднице Над Лабем се одржа Европскиот куп во кајак спуст на диви води, каде екипата на Кајак кану клуб Арка-Борец оствари забележителен настап и достојно ја претстави Македонија.

Во категоријата Мастерс, Љубомир Спасиќ блесна со освојување на првото место, уште еднаш потврдувајќи дека искуството и квалитетот се негов заштитен знак. Во јуниорска конкуренција, Благој Гугинов се закити со второто место, најавувајќи светла иднина за велешкиот клуб.

Agria

Во силната сениорска конкуренција, Гугинов заврши на солидната 10-та позиција, додека Спасиќ се пласираше на 27-то место, во конкуренција на врвни европски кајакари.

Ова е уште еден успешен ден за Арка-Борец и македонскиот кајак, кој преку ваквите резултати не само што носи медали, туку и ја промовира државата на меѓународната спортска мапа.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: