Велешкиот талент Кристијан Смилев блесна во Полска, со 16 години финалист меѓу сениори

Младиот велешанец Кристијан Смилев од Кајак Клуб Бабуна Велес продолжува да ја воодушевува кајакарската јавност со своите настапи на меѓународната сцена. Смилев настапи на натпревар за Светската ранг-листа во кајак слалом кој се одржа во Краков, Полска, каде што успеа да избори пласман во финалето во сениорска конкуренција.

Zito baner

Иако има само 16 години, Смилев се натпреваруваше против искусни сениори и во конкуренција од 85 натпреварувачи го освои 12. место во финалето. Само дополнителната казна од 50 секунди го оттурна од повисок пласман. Без таа казна, велешкиот кајакар ќе завршеше на одличното осмо место. Победата на патеката во Краков му припадна на домашниот натпреварувач Матеуш Полајчук, пред неговите сонародници Криштоф Мајерчак и Михаил Пасиут.

Agria

Токму на истата патека во Краков, од 30 јуни до 5 јули ќе се одржи и Светското првенство за јуниори до 18 години и сениори до 23 години во кајак слалом, каде што се очекува настап и на македонските претставници.

Инаку, Смилев оваа сезона доминираше и на изборните натпревари за состав на македонската репрезентација во кајак слалом. Во јуниорска конкуренција убедливо го освои првото место, додека кај сениорите заврши второпласиран, веднаш зад Ангел Петрушев.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: