Младинските фудбалски школи во Велес добија значајна поддршка во форма на донација од реквизити и топки, обезбедени преку соработка претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Велес Тале Шопов и Фудбалската федерација на Македонија.
Со оваа донација, која е реализирана со поддршка на претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ, директно се помага во подобрување на условите за работа на младите фудбалери од екипите Борец 1919 АД, Борец Јуниор и Тополка.
Претседателот на ОФС Велес, Тале Шопов, истакна дека оваа поддршка е од исклучително значење за развојот на младинскиот фудбал во градот.
„Оваа донација значи многу за нашите млади фудбалери. Со подобри услови за тренинг, им даваме можност на децата да се развиваат правилно и да го сакаат спортот уште повеќе. Голема благодарност до претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ, кој ја препозна важноста на вложувањето во младите категории. Верувам дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина, бидејќи токму овде се создава иднината на македонскиот фудбал“, изјави Шопов.
Тој потенцираше дека ќе се продолжи со активности насочени кон поддршка на младите и развој на фудбалот на локално ниво, со цел создавање подобри услови и нови спортски успеси.

















