Велешки „Борец-Тим“ шампион во Првата лига

Пингпонгарите на ППК Борец-Тим испишаа нов голем успех и официјално го освоија првото место во Првата пингпонгарска лига на Македонија, обезбедувајќи пласман во елитната Супер лига.

Zito baner

Велешани одиграа доминантен турнир и со максимални 4:0 го совладаа директниот конкурент ППК Рисови во големото дерби, а потоа со идентичен резултат 4:0 славеа и против ППК Берово 2. Со овие две убедливи победи, „Борец-Тим“ ја потврди одличната форма во текот на сезоната и сосема заслужено заврши на лидерската позиција во лигата.

Agria

Овој успех претставува голем чекор за велешкиот пинг-понг, а клубот од следната сезона ќе биде дел од најсилното домашно натпреварување – Супер лигата на Македонија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: