Ветeраните на Борец тргнуваат по хет-трик, стартува новата ветеранска лига, следи и меѓународен предизвик

Утврден е почетокот на третата сезона во одбојкарската лига за ветерани, која ќе стартува на 19 април 2026 година. Во првото коло, актуелниот двократен шампион Борец ќе се соочи со екипата на Скопје. И во новата сезона ќе важат истите правила за настап, старосната граница останува 40+ години, со можност за еден „џокер“ играч на возраст од 38 до 40 години, под услов да не бил активен во последните пет години. За играчите над 40 години, пак, задолжителна е едногодишна пауза од активно играње.

Првенството и годинава ќе се игра по турнирски систем, со вкупно седум кола, при што секоја екипа ќе биде домаќин на по еден турнир. Тимот на Борец ќе го организира третиот турнир, закажан за 10 мај. Покрај велешани, во третата сезона ќе учествуваат уште екипите на Тетово, Шкендија, Прилеп, Струмица, Скопје и Гевгелија, што ветува уште една неизвесна и квалитетна сезона.

Agria

Да потсетиме, Борец е апсолутен владетел во досегашните изданија од лигата, освојувајќи ги титулите во првите две сезони, а амбициите и годинава се јасни – нов шампионски пехар. Покрај домашните обврски, велешките ветерани ги очекува и силен меѓународен предизвик. Од 24 до 26 април во Соко Бања ќе се одржи престижен турнир со учество на повеќе од 30 екипи од поранешна Југославија. Борец ќе настапи со цел да го подобри минатогодишниот успех, кога го освои третото место, и да се искачи чекор погоре на победничкиот подиум.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: