Владата го намали ДДВ-то на горивата

gorivo-benziska

Владата на вонредна седница одлучи да го намали ДДВ-то за нафтените деривати од 18 на 10 отсто. Мерката стапува во сила од понеделник на полноќ и ќе важи во наредните две недели. Се очекува да доведе до поевтинување на горивата за 6 до 7 денари по литар.

Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека Владата има подготвен пакет мерки и сценарија доколку кризата продолжи или се продлабочи, посочувајќи дека без интервенција би следело значително поскапување на горивата.

„Според нашите пресметки, а врз основа на анализа на цената на репер берзите, РКЕ во текот на утрешниот ден ќе ги донесе точните бројки и конечната одлука, но врз основа на нашите пресметки и движењето на цената на берзите очекуваме предлогот да биде зголемување на 95 и 98 октанскиот бензин од 6,5 денари за литар, додека пак за дизел горивото тоа би значело 10,5 денари за литар“, кажа Мицкоски.

Agria

Со намалување на ДДВ-то, премиерот смета дека цената на бензинот ќе остане непроменета, а дизелот ќе се зголеми од 3 до 3,5 денари од литар.

Нагласи дека со оваа мерка граѓаните би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно, имајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво во земјата.

Според премиерот, намалувањето на даноците е најбрз начин да се ублажи ударот од ценовните шокови и да се спречи нивно прелевање врз цените на храната, транспортот и услугите.

Мицкоски најави засилени контроли на пазарот и повика на одговорно однесување од трговците и производителите, предупредувајќи дека секоја злоупотреба или вештачко зголемување на цените ќе биде санкционирано.

„Во време на криза, никој нема право да гради профит на грбот на граѓаните. Ќе има засилени контроли на пазарот. Секој обид за злоупотреба, вештачко зголемување на цените или брза заработка во овие услови ќе биде откриен, разобличен и санкциониран. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата“, истакна премиерот.

Земјава, вели Мицкоски, не е исклучок од глобалната енергетска криза предизвикана од конфликтите на Блискиот Исток, кои доведоа до раст на цените на горивата, но и покрај тоа Македонија и натаму има најниските цени на нафтените деривати во регионот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: