Од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи и движењата на светските берзи најави премиерот Христијан Мицкоски. Како што посочи, според пресметките, бензините од 95 и 98 октани би требало да поевтинат за околу 1,5 денари по литар, додека дизел горивото се очекува да се намали за околу 2,5 денари.
Намалување има и кај другите деривати, па екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтини за 3,5 денари и ќе изнесува 96,5 денари, додека мазутот ќе се продава по цена од 49,227 денари. Дополнително, како што беше посочено, компанијата ОКТА обезбедува попусти од 2 денари за бензините и 3 денари за дизелот, што значи дека реалните цени за дел од потрошувачите ќе бидат уште пониски.
Од Владата нагласуваат дека мерките за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти и усогласувањето на акцизите продолжуваат да важат, со цел да се задржи стабилноста на цените и да се заштити стандардот на граѓаните и бизнисите.

















