Пионерскиот состав на РК Гемиџии продолжува со настапите во пионерската ракометна лига, каде викендов ќе атакува на својата трета победа во сезоната. Младите велешки ракометари ќе имаат сериозен предизвик, откако за противник ја добиваат екипата на Радовиш – ривал со идентичен учинок и директен конкурент на табелата.
Двата тима во моментов се наоѓаат на делба на седмата позиција, што му дава дополнителна тежина на натпреварот, кој може да донесе значаен исчекор за победникот во понатамошниот тек од првенството.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес со почеток од 13 часот, а правдата на теренот ќе ја делат судиите Пепи Димков и Божидар Јованов.

















