Гемиџии „газат“, Радовиш немоќен, трета победа во првенството за пулените на Радевски и Василев

Пионерскиот ракометен тим на Гемиџии продолжува со одличните настапи во првенството, откако на убедлив начин ја совлада екипата на Радовиш со високи 20:6 (11:2 на полувреме). Велешани доминираа од првата до последната минута и заслужено ја запишаа третата победа во шампионатот.

Избраниците на Саше Радевски и Никола Василев уште од стартот наметнаа силно темпо и цврста одбрана, оставајќи го противникот без решение. Гостите од Радовиш својот прв погодок го постигнаа дури во 18. минута, кога резултатот веќе беше убедливи 10:0 за Гемиџии.

Agria

До крајот на натпреварот, младите велешани рутински ја одржуваа предноста, демонстрирајќи колективна игра, дисциплина и ефикасност во нападот. Најефикасен во редовите на Гемиџии беше Бојан Мартинов со пет погодоци, додека по три реализации додадоа Мартин Пранговски, Симеон Петров и Горјан Зафиров.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: