Гемиџии загубија од фаворитот, но сезоната ја завршија со крената глава

Пионерскиот ракометен тим на Гемиџии со пораз ја заокружи својата прва сезона во првенството, откако во последното коло беше совладан од фаворизираниот Алкалоид со 17:22 (7:11). Младите велешани одиграа борбен натпревар, но квалитетот на противникот дојдоа до израз, особено во клучните моменти од мечот. Алкалоид уште во првото полувреме создаде предност од четири гола, која знаеше да ја одржува до самиот крај.

И покрај поразот, Гемиџии оставаат позитивен впечаток во својата дебитантска сезона, која ја завршуваат на солидната седма позиција на табелата – резултат што ветува светла иднина за оваа млада генерација.

Agria

Најефикасен во редовите на Гемиџии беше Бојан Мартинов со четири погодоци, додека по три пати во листата на стрелци се запишаа Андреј Наумов и Димитар Витев. Кај победничкиот состав, најрасположен беше Калин Краљевски со седум постигнати голови.

За младите ракометари од Велес ова беше сезона на учење, но и јасен сигнал дека клубот гради тим кој допрва ќе има што да каже на ракометната сцена.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: