Во ек на празничниот викенд, вистински бран патувања ја зафати Македонија, при што за само 12 часа над 20.000 граѓани ја напуштиле државата и заминале во странство.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, најголем дел од сообраќајот бил регистриран на граничниот премин Богородица. Во период од 24 часа, во земјата влегле 7.945 граѓани, додека 7.954 ја напуштиле државата.
Во истиот период, преку овој премин во Македонија влегле 3.098 странски државјани, додека 2.708 ја напуштиле земјата.
















