Запленети 65 килограми марихуана кај Градско, истрага против две лица

Околу 65 килограми марихуана се запленети во полициска акција на автопатот „Пријателство“ во близина на Градско, а против две лица е поведена истрага за недозволена трговија со дрога.

Според информациите од Обвинителството, акцијата била спроведена по претходно преземени мерки за спречување на нелегален транспорт на наркотични средства. При контрола на патничко возило, полицијата пронашла поголема количина растителна материја спакувана во повеќе пакувања, со вкупна тежина од околу 65 килограми.

Agria

Возачот на автомобилот се обидел да избега, но по кратка потера бил запрен и приведен, а во акцијата било лишено од слобода уште едно лице.

“Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби. Вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на “чистач” односно претходница со друго возило имал задача да предупреди за евентуални контроли”, велат од обвинителството.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: