Инфлацијата не попушта, поскапувањата и понатаму го „јадат“ стандардот

Kam Market

Инфлацискиот притисок во Македонија продолжува без знаци на смирување, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за март 2026 година. Според нив, трошоците на животот бележат раст од 4,9 проценти во однос на истиот месец лани, додека цените на мало се зголемени за 3,4 проценти.

Само во текот на март, инфлацијата дополнително се зголемила за 0,7 проценти, што укажува дека бранот поскапувања и натаму е присутен и директно влијае врз животниот стандард на граѓаните.

Agria

Најголем раст е забележан кај угостителските услуги, каде храната е поскапа за 6,7 проценти споредено со март минатата година, додека цените на алкохолните пијалоци се зголемени за 6,9 проценти. За разлика од ова, ноќевањата бележат значително намалување од 12,7 проценти.

Овие бројки потврдуваат дека инфлацијата останува еден од клучните економски предизвици, со директно влијание врз секојдневниот живот и куповната моќ на граѓаните.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: