Верниците од христијанска вероисповед, припадници на Католичката црква и најголем дел од протестантските цркви, го одбележуваат Велигден –еден од најзначајните христијански празници
Велигден го симболизира воскресението на Исус Христос и претставува победа на животот над смртта. Се празнува со свечени литургии, семејни собири и традиционални обичаи, меѓу кои бојадисување јајца, кои се симбол на новиот живот.
Датумот на Велигден се менува секоја година, а разликата во одбележувањето меѓу христијаните произлегува од користењето на различни пресметни со календарите – Грегоријански календар и Јулијански календар.
Празникот традиционално се прославува со поздравот „Христос воскресе“, на што се одговара „Навистина воскресе“.
Според последниот попис на населението во Македонија од 2021 година, од вкупно 1 836 713 жители, 6 746 лица се изјасниле како католици, што претставува околу 0,37 % од населението. Но денеска не сите Католици во Македонија го слават Велигден. Католиците припадници на Византискиот обред, Велигден ќе го одбележат

















