Крај на една ера: Орбан заминува, Маѓар победува на изборите

По 16 години на власт, унгарскиот премиер Виктор Орбан падна од власт, откако го призна изборниот пораз на парламентарните избори во 2026 година.

По пребројани 53,45 отсто од гласовите, опозициската Тиса освојува 136 мандати, а владејачката Фидес 56 мандати во унгарскиот парламент во кој треба да влезат вкупно 199 пратеници.

Agria

Во своето обраќање во изборната ноќ, Орбан официјално го прифати резултатот и му ја честиташе победата на опозицијата, ставајќи крај на своето долготрајно владеење.

„Резултатот од изборите сè уште не е целосен, но е разбирлив и јасен. Резултатот од изборите е болен за нас, но е јасен: не ни беше дадена можност да владееме“, рече Виктор Орбан во неделата во Будимпешта. „И честитав победничката партија“, истакна лидерот на Фидес.

Победникот на изборите, Петер Маѓар, прогласи убедлива победа пред своите поддржувачи, оценувајќи дека резултатот претставува политички пресврт и почеток на ново поглавје за Унгарија.

Според досегашните официјални резултати, неговиот опозициски блок има јасна предност и е на чекор до обезбедување парламентарно мнозинство.

По објавувањето на резултатите, следеа реакции од домашната и меѓународната сцена, при што изборниот исход се оценува како еден од најзначајните политички пресврти во земјата во последните децении.

Телефонски честитки за Маѓар пристигнаа од повеќе светски лидери, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, кои ја поздравија демократската транзиција и изборниот процес.

Виктор Орбан, роден во 1963 година, беше на чело на Унгарија во два мандати — од 1998 до 2002 и повторно од 2010 до 2026 година, со што останува еден од најдолговечните лидери во Европа.

Петер Маѓар, роден во 1981 година, претходно бил дел од поширокиот државен и институционален систем близок до власта, но подоцна се дистанцираше и се наметна како главен опозициски лидер со кампања насочена кон борба против корупција и институционални реформи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: