Човечки леш во напредна фаза на распаѓање бил пронајден вчера попладне во водите на реката Вардар, под мостот на општинскиот пат меѓу селото Корешница и Демир Капија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 3 април околу 15:30 часот во ОВР Неготино. По пријавата, на местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, која го извлекла телото од реката.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на обвинителството, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди идентитетот и причините за смртта. Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.

















