Муцунски со честитки до Петер Маѓар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати честитки до лидерот на победничката партија на изборите во Унгарија, Петер Маѓар.

Во својата порака на Икс, Муцунски вели дека граѓаните на Унгарија јасно ја покажале својата насока.

Agria

„Граѓаните на Унгарија го кажаа својот збор, а нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги цениме силните билатерални односи изградени со текот на годините и со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка – заснована на заемно почитување, партнерство и нашата заедничка европска иднина“, напиша Муцунски на мрежата Х.

Муцунски додава дека со нетрпение очекува продолжување на соработката за која вели дека се заснова на меѓусебно почитување, партнерство и заедничка европска иднина.

Вчера во Унгарија се одржаа парламентарни избори на кои падна владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години на власт. Победничка партија е опозициската Тиса на Петер Маѓар.

Според информациите на Националната изборна канцеларија на Унгарија, по пребројани 98,94 отсто од гласовите, опозициската Тиса освоила 138 мандати, а владејачката Фидес освоила 55 мандати. Во унгарскиот парламент треба да влезат 199 пратеници. Тоа значи дека Тиса обезбедила двотретинско мнозинство.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: