Нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер

veles dozd fevruari 2023

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна што ќе ја зафати земјава, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално се очекува да бидам пообилни. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кој ќе дува претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од пет до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 13 до 21 степен.

Agria

Во Велес, според синоптичарите, исто така, се очекува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд во делови од котлината и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневна температура ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: