Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува претежно облачно време со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според УХМР, врнежите на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар. Процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 15 до 21 степен.
Времето во Велес ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 20 степени.


















