Облачно со дожд и засилен ветер, следува заладување

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со наврнат талог од 15 до 20 литри дожд на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Утринската температура ќе се движи од 5 до 10 степени, додека дневната ќе достигне меѓу 10 и 18 степени

Agria

И во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: