Како увертира пред стартот на новото првенство, екипата на Борец ветерани одигра пријателски натпревар во Прилеп против домашниот состав и запиша убедлива победа од 3:0, продолжувајќи го континуитетот на добри резултати. Велешани доминираа на теренот и уште еднаш покажаа дека се подготвени за предизвиците што ги носи новата сезона. Сигурната игра и реализираните шанси беа доволни за чиста победа и позитивна атмосфера во тимот пред официјалниот старт.
Новото првенство започнува во недела, на 19 април, кога Борец во првото коло ќе се соочи со екипата на Скопје. Натпреварот е закажан за 13 часот, а очекувањата се за добар почеток и продолжување на победничката серија.
Веќе следниот викенд, тимот ќе има нов меѓународен предизвик, учество на турнир во Сокобања, каде Борец ќе се обиде да го одбрани освоеното трето место од минатата година и уште еднаш да го потврди својот квалитет на регионалната сцена.

















